(ВИДЕО) Вин Дизел отиде во пејачи: Објавил сингл со познат ди-џеј

Актерот Вин Дизел одлучил да запее во соработка со норвешкиот диџеј Кајго, со кого го претстави својот прв сингл „Feel Like I Do“.
„Одамна најавував дека ќе започнам да се бавам со музика. Вие ме охрабривте да излезам од сопствената зона на удобност. Ви благодарам што ми верувате. Како и секогаш, се надевам дека ќе бидете горди“, коментирал актерот. Електро-денс песната веќе предизвикала бројни коментари.

“Не е лошо. Но, оваа 2020 година е навистина луда кога и Вин пропеа“, е еден од коментарите. Инаку, актерот привлече внимание во 2013. година кога за Денот на вљубените ја отпеа песната на Ријана „Stay“. Во тоа време, обожавателите се шегуваа дека е „мачо“ тип кој пее „поп-песнички“.

Секако, Дизел продолжува да снима филмови, а на почетокот на годината се појави во главната улога во акциониот филм „Bloodshot“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) После два пропаднати брака најубавата холивудска глумица повторно се омажила

Актерката Скарлет Јохансон се омажи за актерот и комичар Колин Јоста, пренесува Си-Ен-Ен. Како што …