(ВИДЕО) Бакнеж кој политичарот го чинел кариера!

Аргентинскиот пратеник поднел оставка откако се појавило видео на кое се гледа како тој ги бакнува градите на својата партнерка за време на онлајн седницата на парламентот.
Оженетиот татко на три деца, Хуан Емилио Амери, ги шокирал колегите кога ја оставил партнерката да му седи на колено за време на парламентарната седница, по што ја бакнал на градите, повлекувајќи ја дури и блузата надолу.
Поради овој бакнеж, владеачката коалиција на Френте де Тодос во северозападната провинција Салта го избркала 47-годишникот од партијата и побарала оставка од функцијата пратеник.
Невообичаена сцена на размена на нежности се случила за време на онлајн дебатата во парламентот.

Амери, обвинет за сексуално вознемирување на тинејџерка во времето кога првпат станал пратеник во декември минатата година, првично се обидел да го минимизира инцидентот со бизарно објаснување дека неговата партнерка неодамна направила операција за зголемување на градите.
Жената во центарот на скандалот е наводно неговиот „политички советник“ Селсет Бургос, со која е во љубовна врска откако се развел од сопругата Алехандра Ескудеро.
„Јас и мојата партнерка навистина страдаме поради ова. Многу се срамам од она што се случи и многу ми е жал. Интернет-врската во областа во која се наоѓам е многу слаба. Мојата партнерка излегуваше од тоалетот кога помислив дека нема врска. Пред десет дена, таа имаше зголемување на градите и ја прашав за нејзините силиконски импланти. Ја прашав дали можам да ги бакнам и ја бакнав на градите. Тоа беше тоа“, се правдал политичарот.
Наскоро поднел оставка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 26.11.2020: Претерувате во она што го очекувате од саканата личност…

Овен Љубов: Размислете како треба да ги надминете семејните недоразбирања. Вие сте задоволни со насмевката …