(ВИДЕО+ФОТО) Живеел во сиромаштија а денес на сопругата и исплаќа 15. милиони фунти – оштета

Иако се обиделе да ги демантираат медиумските извештаи за нивниот развод, љубовната врска помеѓу турската суперѕвезда Озџан Дениз (46) и неговата дваесет години помлада сопруга Фејзе не ја преживеале бурата.
Двојката се разведе по 15 месеци брак минатата година. Освен кавгите, кои беа се почести меѓу нив поради наводното неконтролирано трошење пари на Фејза, актерот тврди дека ниту неговата млада сопруга не ги исполнувала своите мајчински обврски. Крајот на нивниот заеднички живот веројатно ќе се одолговлекува на судовите некое време, бидејќи Фејза веќе бара отштета од 15 милиони фунти за времето поминато во брак, пренесуваат турските медиуми.
ТАЈНА СВАДБА
Занесниот Турчин и Фејзе се венчале во март 2018. година, по една година врска. Церемонијата била затворена, а присуствувале само најблиските членови на семејството и пријателите.
„Јас го избирам животот со тебе и сум толку благодарен што постоиш“, напиша тогаш вљубената Фејзе.

После месец и половина, се роди нивниот син Кузеј, но среќата на хармоничното семејство траеше кратко. Првите проблеми се појавија по осум месеци заеднички живот, кога започнаа шпекулациите дека нивниот брак завршил. Тие се обиделе да се потсмеваат на целата ситуација, тврдејќи дека сè е во ред меѓу нив. Но, нивната врска не доживеала турбуленции само по венчавката туку и додека биле во врска, се шушкало дека младата Фејзе тешко може да го поднесе она што го избрала нејзиниот избраник снима со најубавите турски актерки. Наводно, најголемите проблеми му ги донел филмот „Другиот човек“, во кој негови партнери биле неговата колешка од серијата „Снаа“, Асли Енвер и Мерием Узерли. Дваесет и петгодишната Фејза некако можеше да ја издржи Асли, но поради љубовните сцени со Мерием, таа наводно доживеала нервен слом, пишуваа турските таблоиди. Дека во статиите има малку вистина, потврдил и самиот Озџан, кој по премиерата на филмот признал како неговата свршеница го доживеала снимањето.
„Не можам да ја убедам дека тоа е само работа“, рекол тој.

Иако сега се испоставило дека една од причините за рзделбата се и финансиските, актерот ги нападнал турските медиуми внепосредно пред венчавката затоа што напишале дека двојката одбила да застане пред матичарот заради предбрачниот договор.
„Не знам од каде ги добивте информациите за предбрачниот договор. Свадбата е приватна работа. Како не се срамите да не вознемирувате и да пишувате лаги“, рекол Озџан, кој претпочитал да го поминува целото слободно време во семејна средина, во дом што го споделувал со мајката на своето дете. Тој, наводно, се грижел толку многу да не и недостасува ништо, па додека била бремена, тој дури и обезбедувал месо и млечни производи од фарма во близина на Истанбул.

За љубовниот живот на Озџан порано се пишуваше многу. Пред Фејзе, тој беше оженет со Хандан Дениз, која на нивниот однос не се сеќавала по добро. Во 2008 година го тужела и барала да и ги врати парите затоа што, наводно, извесно време ги издржувала неговата љубовница и него во Германија. Кога го изгубила судскиот спор, решила да напише книга за нивниот заеднички живот, но никогаш не била објавена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈЦРН ДЕН ВО МАКЕДОНИЈА – Починати 12. лица: После само 771. тестирање за изминатите 24. часа се регистрирани 161. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани …