(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен бизнис односно козметичката линија „ЕРА“.

View this post on Instagram

The TV show “Backstage” was the first show of the campaign “New ERA in the cosmetics” . These days with the PR agency “Promo stage” and the beautiful host @j.arsova , we are promoting our ERA perfumes for men and women. Enjoy the new era harmony… @era_cosmetics @backstage_macedonia @danielnikolovskiofficial1 @mersihaakazim • • • ТВ-емисијата „Бекстејџ“ беше првата емисија од кампањата „Нова ера во козметиката“. Деновиве со ПР агенцијата „Promo stage“ и прекрасната водителка @ j.arsova ги промовираме нашите парфеми ЕРА за мажи и жени. Уживајте во новата хармонија наречена ЕРА…

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era) on

Пејачката гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што зборуваше за својот нов бизнис, односно козметичката линија „ЕРА“, за музиката, како и за својот приватен и љубовен живот…


„Мислам дека нема нешто попаметно од тоа човек да се заштити себеси од непотребни и пријателства и партнери, па и соработки. Ако видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Навистина многу ми пречи човек кој нема еднаква амбициозност како мене. Се додека не најдам човек кој е еднакво амбициозен како мене, кој што единствениот порок ќе му биде да биде работохолик и да јаде слатки, ако тоа му единствениот порок, тогаш тој е вистинскиот за мене. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално“, рече пејачката.

„Сите ние на 30-тина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете, некогаш дури размислувам да си повојам детенце се додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца“, додаде Елена.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …