Автор на култни филмови – Во 74. година починал познатиот српски режисер Горан Паскаљевиќ

Прославениот српски и југословенски филмски и телевизиски режисер, Горан Паскаљевиќ починал на 74-годишна возраст.
Ќе остане запаметен, меѓу другите, по култни достигнувања како што се филмовите „Лажливо лето 68“, „Буре со барут“, „Време на чудата“, „Танго аргентино“, „Туѓа Америка“ и по филмот „Специјален третман“ кој на Милена Дравиќ и ја донел наградата за споредна женска улога на Канскиот филмски фестивал во 1980. година.
Тој го режираше и првиот филм во индиско-српската копродукција „Во земјата на боговите“.

Паскаљевиќ е добитник на многу престижни награди, вклучувајќи ја и наградата на критичарите во 1998 година за најдобриот европски филм за „Буре од барут“ и наградата на критичарите од Сан Себастијан за „Време на чудата“ во 1990. година.

Списанието „Варајети“ го прогласи за еден од најдобрите пет режисери на годината во 2001 година, а тој бил првиот филмски режисер што ја добил наградата „Истакнат хуманизам“ во неговите дела, во Минхен во 2002 година.

Во ноември 2007. година, Горан Паскаљевиќ бил награден со францускиот оОрден за уметност и литература.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во издание на „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ објавен романот „Суво мастило“ на Владимир Илиевски

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, деновиве го објави романот „Суво мастило“ на …