(ФОТО) ИЗМАМА ИЛИ СЛУЧАЈНА ГРЕШКА: Мурињо открил дека голот бил понизок за 5. см

Фудбалерите на Тотенхем успешно ја пребродија пречката наречена Шкендија, во квалификациите за Лигата на Европа.
Англискиот тим славеше со резултат 3:1 и покрај обидот за измама на домашниот тим.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо забележал и потврдил дека пречката на еден од головите е помала.
Имено, пред мечот, заедно со голманот Уго Љорис, сфатил дека голот на стадионот „Тоше Проески“ е за пет сантиметри помал.
Веднаш ги известил судиите, побарал промена во конструкцијата на тој гол, но немало време за тоа.
Наместо тоа, голот бил подигнат до потребната висина.
„Веднаш забележав дека нешто не е во ред. Го поканивме делегатот на УЕФА да ги провери головите, а тој изјави дека едниот е за пет сантиметри понизок. Побаравме да биде заменет“, изјавил Мурињо.
Тотенхем следниот четврток во Лондон ќе игра против Макаби Хаифа во плејофот.


View this post on Instagram

I thought I had grown but then I realised the goal was 5 centimetres lower-Shkëndija 1 – 3 @spursofficial


A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КРАЈ НА ГРУПНАТА ФАЗА – Пред нас е голем ден на Светското првенство: Србија сака да се одмазди – се збогуваме со фаворитот од сенка?

Остануваат уште четири натпревари од групната фаза на Светското првенство во Катар и тие се …