(ФОТО) Џенифер Анистон 20. години носи ист фустан

Од 2000. година до денес, актерката Џенифер Анистон не се истакнала со фантазија на црвениот тепих. Нејзиниот прв избор е скоро секогаш црн долг фустан со тенки прерамки и со длабоко деколте. Кога гледаме фотографии од настани во изминатите две децении и овие денес, тешко е да се каже дали има некоја разлика.

Џенифер Анистон игра на сигурно и ретко експериментира. Но, многумина велат дека претерала затоа што веќе две децении го носи истиот фустан на скоро секој свечен настан. Не буквално ист, но ист модел со многу мала варијација.


Сè започнало во 2000.година, кога тогашната 31-годишна актерка се појавила со Бред Пит во ресторанот „Мортон“ во Беверли Хилс по забавата во списанието „Венити фер“ на Оскарите. Џен тогаш се пофалила со црн тесен фустан и деколте што ќе стане нејзин заштитен знак со текот на годините, пишуваат на веб-страницата Repubblica.it.


Следната година, кога ја освои наградата за нејзината улога во „Пријатели“ на церемонијата на People’s Choice, Џен носеше скоро ист фустан, само материјалот бил малку поразличен.


Во 2003. година, таа се одлучила за малку попредизвикувачко издание со уште подлабоко и нешто поимагинативно деколте.
Нејзиниот избор за Златен глобус во 2004 година беше фустан со потпис на брендот Валентино – повторно долг црн фустан со тенки прерамки.


На Оскарите во 2006. година, Џенифер беше, како што се очекуваше, во долг црн фустан, овој пат изработен од тул, кој го комбинираше со накит „Булгари“.


Во 2010 година, пристигна мало освежување.
Додуша, тоа беше повторно црн долг фустан, повторно Валентино, но со барем една разлика – длабок шлиц на страна.

На прославата на ЛАКМА 2012, Џен се појави со нејзиниот тогашен сопруг Џастин Теру, претпоставувате, во долг црн фустан, но со никогаш подлабоко деколте. Таа тогаш покажа дека навистина треба да имате храброст и одлична линија за ваква облека, но исто така покажа и дека нема многу инспирација кога се подготвува да излезе надвор.


Слично беше и пред три години на забава по Оскарите.
И неодамна, Џенифер избра за онлајн наградите Еми, што друго освен долг црн фустан со вртоглаво деколте, креација од модната куќа Диор.

Некои би рекле дека Џен едноставно го носи она што добро и одговара и со што не може да погреши, но има и повеќемина кои тврдат дека славната актерка нема фантазија и дека нема оправдување да се носи буквално ист фустан скоро на секоја церемонија во последните 20 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) Милка тарт: Чоколадно задоволство готово во момент!

Комбинација на лешници и чоколадо која одзема здив… Состојки: 200 г мелени бисквити 100 г …