Емотивно писмо на Коки до Дуле:„Ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, не кажувај абе Кочо, седум години ми доаѓаш, дај олабави!“

Годините минуваат, времето не може се да излекува, болката останува, тлее, иако не е секогаш присутна, знаеме дека е тука…
Токму за една таква, неминлива болка, во својот пост пишува Коки кој му се обраќа на Дуле…седум години по неговото прерано заминување…


„Се враќам од свирка, од Струмица, брат, па ми се сврте во глава, и викам да ти пишам писмо … ама ова ќе биде последно, не те замарам повеќе, не кажувај абе Кочо, седум години ми доаѓаш, дај олабави.
Брат, не знам дали треба да се смеам или треба да плачам. Знаеш, мислам дека од некаде ќе се појавиш и дека најчесто кога свирам ми се случува, абе ‘фатаморгана’. Можеби, па сеа дури сфаќам дека стварно те нема, а…?
Сите прашуваат за тебе, не те заборавија да знаеш, особено на крајот од свирката..Ја темпирам ‘колку треба да се плати’ ќе стиснам заби, ќе им пеам, и тие пеат, тешко ми е да плачам na тaa, гледам они плачат…


На овој ден кога ја летна, знаеш на кој му е роденден? На Ице, замисли… не ти го кажав тоа. Кај одам јас без гитара, свириме заедно, Сале е со нас. Ти постојано, кога ќе спомнев Господ, викаше ај батали тоа. Ама гледаш дека имало Господ, па ти ако не знаеш, кој? И кажи сеа дека ГОРЕ СИ Е ГОРЕ, нели … добро е таму.
Малку е незгодно тука, можеби и малку повеќе. Постои вирус, и ако го закачиш јако, за скоро умираш, но некој ќе го фати и ништо нема да им се случи… Не разбирам… Претпоставувам дека си чул.
Макфест за прв пат оваа година на плоштадот се одржа, на отворено, а не во домот на културата, поради тој вирус, 35-годишнина..
Таму пак не заборавија и двајцата, ама нема врска.


Со Марија, твојата сестра, ќе се сретнеме понекогаш. Нејзините две и од брат ти три, имаш пет внучиња. Не се сеќавам на нивните имиња, едното од брат ти се вика Душан Љубисаљевик, знам, по тебе.
Треба да знаеш дека не престанувам со музика, и ми има многу пати дојдено се да баталам, но има песни бе брат кои треба да се пеат и свират.Помладите појма немаат кои биле Дуле и Коки, ама песните ги знаат, глеаш…
Не знам што друго сакав да ти кажам ..
Знаеш што … ова нема да биде последно писмо, ќе ти пишам пак, за некое време ..
7
23.09.2020“,

напиша Коки на неговиот профил на Фејсбук.

Se vrakam od svirka, od Strumica brat, pa mi se svrte u glavata, i vikam da ti napisam uste edno pismo..ama ova ke bide…

Gepostet von Koki Jankov am Donnerstag, 24. September 2020

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Четворки пред и после породувањето: И’ раце и’ срце полно „медењаци“

Блогерката Линдзи Хеј по два спонтани абортуси останала бремена со четворки и го споделила своето …