(ФОТО) ТАЈНА – НЕ ЗНААТ ЗА РАК: Мени на НАЈЗДРАВИОТ народ на светот!

Нивното потекло е обвиткано со тајна. Тенот им е посветол од сите соседни народи, а нивниот јазик (бурушаски) е повеќе сличен на баскискиот отколку на кој било друг што ги опкружува.
На крајниот север на Пакистан, во планинската долина Хунза, која се наоѓа во регионот Гилгит-Балтистан, луѓето живеат до 120, 130 години. Некои од нив дури го прославиле и својот 145-ти роденден пред да заминат од овој свет. Точниот број на години е тешко да се утврди затоа што Хунзите немаат извод од матичната книга на родените, ниту докази за да ја поддржат нивната виталност.
Во остатокот од Пакистан, очекуваното траење на животот е 67. години, но на покривот на светот, во изолираните пустини на Хималаите, владеат сосема различни закони за живот и смрт. Истражувачите забележале дека жените можат да забременат многу доцна, во шеесеттите години и подоцна, а исто така се верува дека не страдаат од рак. Научниците бараат објаснување во животната средина и храната.

Хунзите пијат вода од исвори, одгледуваат своја храна и бидејќи се отсечени од околните градови, тие не јадат ништо преработено. Кајсиите често се наоѓаат на нивното мени, а за време на постот со денови или дури месеци, тие не јадат ништо друго освен свежо исцеден сок и семки од тоа супер здраво овошје.Месото не им е на менито секој ден, доминираат житарки и зеленчук. Тие вежбаат јога, вежби за дишење и медитација.

 

Нивното потекло е обвиткано со тајна. ПТенот им е посветол од сите соседни народи, а нивниот јазик (Бурушаски) е повеќе сличен на баскискиот отколку на кој било друг што ги опкружува. Се шпекулира дека тие се потомци на војниците на Александар Велики кои не можеле да го следат, туку решиле да останат на Хималаите.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали е поздрав полномрсниот или „лајт“ јогурт

Луѓето често бегаат од млечни производи со маснотии, бидејќи мислат дека предизвикуваат висок холестерол, но …