(ФОТО) ОД ШОК НЕ МОЖЕЛА ДА СТОИ: Ја пронашла љубовта до детството и сфатила КОЈ е всушност нејзиниот сопруг!

Филмска љубовна приказна за млад пар од Велика Британија, кој немал идеја дека се познаваат уште од детството.
Хајди Алис Паркер и Ед Савит се запознале на колеџ кога Ед се преселил во куќата во која претходно живеела Хајди.
Уште во 2011 година ја контактирал на Фејсбук за да му објасни како се вклучува машината за перење алишта и иако го добил потребниот совет, двајцата започнале да се допишуваат.


View this post on Instagram

Beach day 🏖


A post shared by Heidi Alice Savitt (@heidialice) on

Потоа се сретнале на еден состанок и љубовта веднаш се случила. Не мора да ви кажуваме дека станале неразделни, па во 2015. година се вериле.
„Бевме надвор на прошетка кога Ед ме запроси. Дојдовме дома и ме чекаше уште едно изненадување – забава каде беа сите наши пријатели. Беше прекрасно“, рекла Хајди.

Сепак, приказната за среќната љубов не завршува тука. Еден ден, мајката на Хејда и испратила на својата ќерка фотографии од семеен одмор во Турција во 1997. година, на кои таа имала само 6. години, а на повеќето фотографии е со русокосо момче со кое се дружела 10. дена.

View this post on Instagram

💚

A post shared by Heidi Alice Savitt (@heidialice) on

Кога Ед ги погледнал фотографиите бил шокиран затоа што тој бил на нив!
„Морав да легнам колку бев шокирана. Не верувам во чуда, но ова сознание буквално го смени мојот живот. Не се сеќавам скоро на ништо од тој летен одмор, освен тоа што јас и моите сестри имавме другар со кого си игравме во салон за убавина на плажа и му ги лакиравме ноктите“, раскажала Хајди низ смеа.
Ед и Хајди се венчале во 2017. година и отишле на меден месец, претпоставувате… во Турција. Токму таму каде што прв пат се сретнаа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хоророт што го преживеала оваа жена не би му го посакале ниту на најлошиот непријател: Била силувана осум часа, а потоа полиена со киселина!

Кејти Пајпер била мис и модел на врвот на нејзината кариера кога нејзиното момче најмило …