СИТЕ МОРААТ ДА СЕ ТЕСТИРААТ – Одегард позитивен на коронавирус: Пред три дена играл за Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Мартин Одегард, е позитивен на коронавирус. Откако тимот се вратил од Сан Себастијан, било утврдено дека Норвежанецот е заразен, а на дуелот против поранешниот клуб во неделата играл до 69-та минута.
Marca се повикува на мадридски Onda Cero и истакнува дека целиот тим бил тестиран по враќањето од дуелот против Реал Сосиедад и дека било утврдено дека Одегард е заразен.

Норвежанецот тренираше со тимот во вторникот, а сега сите играчи на тимот од главниот град на Шпанија ќе направат нови тестови за PCR за да утврдат дали некој друг е заразен.
Одегард сега сигурно ќе го пропушти дуелот со Бетис, а ќе видиме до кога ќе отсуствува од терените.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЗЛАТНА ТОПКА ЗА МЕСИ: Левандовски „ограбен“ втора година по ред

АРГЕНТИНСКИОТ фудбалер Лионел Меси е добитник на Златната топка на Frans фудбал за 2021 година. …