Мајката на славниот холивудски акционен херој Силвестер Сталоне (74), Џеки Сталоне починала на 99-годишна возраст, пренесуваат странските медиуми.
Френк Сталоне, брат на популарниот актер Силвестер Сталоне, објавил дека неговата мајка Џеки Сталоне починала на 99-годишна возраст. Џеки беше познат астролог, и останала запаметена како учесник во реалното шоу Големиот брат.
Таа е родена како Жаклин Франсис во Вашингтон а со само 15. години избегала од дома. Таа била опседната со вежбањето и кревањето тегови па кога станала возрасна отворила теретана наменета за жените.
Таа беше една од креаторите на ТВ-шоуто „G.L.O.W., The Gorgeous Girls of Wrestling“, што се прикажуваше во 80-тите години, и отсекогаш ги обожавала фитнес и женските натпревари во сила.Сепак, нејзината најголема страст била астрологијата, па за тоа и ја напишала книгата „Ѕвездена моќ: астролошки водич за успех“, објавена во 1989. година и која дури влегла и во училишната литература.
До смртта вежбала и често објавувала видеа на својот Инстаграм во кои крева тегови, а честопати истакнувала дека се чувствува многу младо. Таа сакала да изгледа што е можно помладо, па направи многубројни пластични операции, кои и го уништија изгледот.
#NewProfilePic pic.twitter.com/hr5Dv03nyP
— Jacqueline Stallone (@StalloneJackie) December 11, 2017
Таа неодамна во едно интервју признала дека е свесна колку лошо изгледа поради сите исправки што ги претрпела.
„Се чувствувам како верверица со уста полна со лешници. Јас сè уште ги користам сите можни средства за да изгледам најдобро, но ми се чини дека постигнувам спротивен ефект. Премногу пати сум бил на инјекции со филер и затоа сега изгледам како верверица“, рекла Џеки.
Таа се нарекувала Мама Рамбо, Мама Сталоне и Мама Роки и со тоа им оддала почит на акционите улоги на нејзиниот син Силвестер, кои ги обожавала.
Зад себе ги остави сопругата Стивен Маркус, синовите Силвестер и Френк Сталоне, како и многу внуци.
Џеки имашла и ќерка, актерката Тони Д’Алто, која почина во 2012. година на 48-годишна возраст, откако боледуваше од рак на дојка.