(ФОТО) Славната Саманта ја пронашла љубовта на 64. година со 14. години помлад колега!

Актерката Ким Катрал (64) , позната по улогата на Саманта Џонс во култната серија „Сексот и градот“, има три брака зад себе, но се чини дека конечно, на 64 години, го најде „вистинскиот“. Таа за списанието „People“ признала дека вредело да се чека кога станува збор за љубовта и дека конечно сега е среќна. Таа зборувала за нејзината четиригодишна врска со актерот Расел Томас (50), а парот се запознал во 2016. година, додека тој работел за Би-Би-Си.
„Сè оди лесно за нас, се чувствувам многу пријатно кога сум близу него“, рекла Ким.
Пред да ја започнат врската, тие поминале многу време заедно, иако сè уште не се познавале добро.


„Тој има посебна смисла за хумор и се чини дека сè што правиме ни дојде природно“, вели актерката, која претходно не сакала да открие премногу детали за нејзината врска.


„Го сакам и вредеше да се чека“, заклучила Катрал. Парот моментално живее во Канада а често оди во Велика Британија.

View this post on Instagram

Big mood #samanthajones

A post shared by Jill🖤 (@adarksunset) on

Ким има три брака зад себе. Првпат влегла во брак во 1977. година со Лери Дејвис, од кого се развела две години подоцна.

Ким успеала својот втор брак да го задржи малку подолго, па се омажила во 1982 година и остана во него седум години. За време на бракот со Андреа Lеј Лејсон, Ким живеела во Германија, каде течно го научила јазикот.

View this post on Instagram

10/10 would wear this.

A post shared by hoefromthe90s (@hoefromthe90s) on

Третиот брак се случил многу подоцна. Таа се омажила во 1998. година и останала во брак шест години со џез-басистот Марк Левинсон. Тој брак вродил со плод – книгата „Задоволство: уметноста на женскиот оргазам“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во …