(ФОТО) Први фотографии од новите модели на БМВ

На интернет се појавија првите официјални фотографии од двата модели со високи перформански на БМВ пред премиерата на овие автомобили.

Дека премиерата на БМВ М3 и М4 е многу близу, сведочат и фотографиите кои, веќе традиционално, „случајно“ се појавуваат на интернет како најава за официјалната премиера на некој нов модел.

Очекувано, и двата модели имаат нов дизајн на предниот дел, кој баварскиот произведувач го претстави првенствено на моделот Серија 4 Купе, а чие главно обележје се големите „бубрези“ на предната маска.

Сепак, најважен дел од овие два модели е моторизацијата.

Најавено е дека М3 и М4 ќе користат исти погонски единици од моделите X3 M и X4 M.

Станува збор за 6 цилиндарски 3.0 твин-турбо мотор кој произведува 479 коњски сили.

Во понудата би требало да се најде верзија и со нешто помоќен мотор од 510 коњски сили.

Силата се пренесува на сите тркала со помош на 8 степен автоматски менувач, но за љубителите на мануелно менување, достапен е 6 брзински мануелен менувач.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) ХИТ – електричен автомобил кој чини само 4.500 долари

Бројот на продадени копии на ефтиниот кинески електричен автомобил со цена од 4500 долари, го …