(ФОТО) Лута борба на деколтеата на доделувањето на Еми наградите: Анистон повторно одржала лекција!

ТВ сериите „Наследство“, „Шитс Крик“ и „Супервизори“ се најголемите добитници на овогодинешните награди „Еми“, што се одржа преку Интернет, поради пандемијата на коронавирусот. Покрај актерските достигнувања, втората најважна работа беа тоалетите на учесниците.
Домаќин на церемонијата во празниот „Стејплс центар“ во Лос Ангелес беше комичарот Џими Кимел, кому му се придружија неколку гости презентери, додека повеќето од победниците држеа говори од дома.

Ѕвезда на вечерта беше Зендаја (24), која стана најмладиот добитник на наградата за најдобра актерка во драма за нејзината улога во „Еуфорија“. Во исто време ги воодушеви сите со својот беспрекорен стајлинг. Првпат се појави во необичниот тоалет на марката Кристофер Џон Роџерс. Горниот провокативен дел од црната боја имаше исклучително длабоко деколте, но за среќа, сè остана на своето место. Долниот дел од индиго сината боја и високиот струк беа со необичен пресек, па Зендаја ги воодушеви сите оние што го гледаа преносот на Еми наградите. Зендаја овој специфичен фустан го искомбинира со накит „Булгари“ и штикли „Лоуботин“.
Зендаја исто така успеа да се преслече, па по втор пат облече многу интересна креација со потпис на модната куќа Армани.

Младата актерка имаше малку лоша среќа со овој фустан при вклучувањето, па се потруди да не покаже премногу и да ги покрие градите.

Публиката беше воодушевена од нејзиниот избор на стајлинг и заразна насмевка.
Актерката Трејси Елис Рос ја избра креацијата на брендот Alexander Vauthier Couture, која покрај златната боја и импозантното
Оваа сјајна тоалета, која Трејси ја искомбинира со потпетиците на Џими Чу и накитот на Тифани, за разлика од Зендаја, доби повеќе критики отколку пофалби. Трејси рече дека за време на пандемијата на короната посакала сцени и избирање на нови тоалети.
Од друга страна, без никакви специјални ефекти и сјајни помагала, Џенифер Анистон ја маѓепса публиката во долга црна тоалета.

Џен се одлучила за едноставна елеганција како избор кој не може да пропадне и облекла фустан со потпис на Диор. Таа дозволила косата да падне лежерно, а за допир на гламур имала нараквица и ѓердан со лилакови камчиња.

Актерките Кетрин О’Хара и Лорен Кокс исто така веруваат дека црната боја е секогаш докажан избор. И двете во целосно темна облека ставиле акцент на светки и малку посилна шминка, со тоа што Кетрин останува во малку поблаги земјани тонови кога ја бирала бојата на карминот.

Од друга страна, Лаврен беила поекстремна кога избрала фустани затоа што моделот на брендотChristina Joy Pacelli е сè друго освен обичен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НЕОПХОДЕН – Што укажува на недостаток на витаминот Б12 и зошто е важен

Погледнете како да препознаете недостаток и како да ја зголемите количината на овој витамин во …