ЗДРАВИ И КОРИСНИ – Во ова се незаменливи: Три здравствени проблеми кои семките од тиква ги лекуваат како од шега!

Покрај тоа што се полни со хранливи материи, семките од тиква содржат и многу лековити материи.
Светската здравствена организација препорачува консумирање семе од тиква како еден од одличните начини за снабдување на организмот со есенцијални хранливи состојки кои не можете да ги најдете во изобилство во друга храна. Од друга страна, овие вкусни семиња содржат и одредени природни супстанции кои помагаат во лекувањето на одредени нарушувања и болести. Еве за што станува збор.


Несоница и нарушувања на спиењето
Несоницата е, само по себе, прилично голем проблем, но исто така е симптом и причина за многу други нарушувања и болести. Луѓето кои страдаат од несоница често страдаат од депресија. За сите оние кои страдаат од недостаток на сон, семето од тиква е одличен природен лек. Нивното конзумирање ги релаксира умот и телото, ја елиминира нервозата и вознемиреноста и го подобрува спиењето.
Еве како функционираат: Семките од тиква содржат аминокиселина наречена триптофан. Аминокиселините не се ништо друго освен градежни блокови на поголемите протеински молекули. Интересна работа во врска со трипрофанот е тоа што мозокот го користи за производство на серотонин, невротрансмитер најчесто наречен хормон на „добро расположение“.
Ја намалува нервозата и стресот, го крева расположението, го релаксира умот и ви помага да спиете добро. Истражувањата покажуваат дека конзумирањето семки од тиква во комбинација со извор на јаглени хидрати му помага на мозокот побрзо да го апсорбира триптофанот и да ослободи серотонин.

Симптоми на пост-менопауза
Кај жени кои поминуваат низ менопауза, хормоналната нерамнотежа предизвикува голем број на симптоми, како што се чести жешки бранови (валунзи), главоболки, болки во зглобовите и депресија. Докажано е дека семките од тиква помагаат во регулирање на хормоналната нерамнотежа и лекување на овие состојби.
Истражувањата покажуваат дека овие плодови на есен помагаат во зголемување на нивото на липопротеин со висока густина (HDL), истовремено намалувајќи го дијастолниот притисок, што го намалува оптоварувањето на срцето и го подобрува нивото на холестерол во организмот.

Камен во бубрегот
Семките од тиква по природа се диуретик. Со други зборови, тие предизвикуваат малку почесто мокрење, како резултат на што бубрезите и мочниот меур се „чистат“ од сите отпадни производи што се наоѓаат во организмот. Истражувањата покажуваат дека семките од тиква спречуваат формирање на калциум оксалат (камења во бубрезите) и помагаат да се измијат нивните акумулации.
Всушност, дури и кај пациенти кои не реагираат на традиционалните лекови против камења во бубрезите, семките од тиква имаат олеснувачки ефекти. Важно е да се напомене дека овие вкусни семиња се исто така ефикасни во контролирање на хипертензија, артритис и паразитски инфекции, а исто така помагаат во заштита на кардиоваскуларниот систем и црниот дроб.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 2. РЕЦЕПТИ ЗА ВИКЕНД КОЛАЧИ: Минимално време во кујната за максимално уживање!

Пред нас е викенд и можноста за подготвување колачи. Ако сакате помалку да бидете во …