(ВИДЕО) Пепа Димитрова го промовираше спотот за “Студени очи”

Пепа Димитрова го претстави видео записот за својата најнова песна Студени очи.

Комплетен автор на спотот е Александар Пауновски. Фотографијата ја потпишува 2 С Студио. Снимeн е на повеќе интересни локации низ Македонија, а за истиот е користен и олдтајмер, Бјуик од 1952 година кој е дел од приватната колекција на колекционер од Битола.

Песната Студени очи, Пепа Димитрова ја изведе на годинешниот Макфест. Текстот за неа го напиша Игор Џамбазов, додека музиката и аранжманот се на Слободан Стојанов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Љубовна приказна каква нема ниту на филм: Шон Конери 45. години сакаше една жена

Во свет каде што односите и браковите се’ потешко се преживуваат, парот кој остана заедно …