(Рецепт) Плочки, душеци, шпорет: 10. трикови за чистење на куќата

Добро е познато дека производите наменети за чистење на куќата обично се повеќе штетни отколку корисни, но скоро е невозможно целосно да се ослободиме од нив. Затоа, секогаш можеме да користиме одлични идеи и трикови за чистење.
Плочки во бањата
Потребни состојки:
– ¼ чаши водород пероксид
– 1 лажица течен сапун
– ½ чаши вода
Измешајте ги сите состојки и нанесете ја смесата на плочките со сунѓер за да ја исчистите нечистотијата. Оставете го препаратот да делува десетина минути, а потоа исплакнете со вода.

Копчиња на шпоретот
Потребни состојки:
– стапчиња за уши
– стара четка за заби
– неколку капки 10% раствор на амонијак
Потопете ги стапчињата за уши во растворот и користете ги за чистење на сите копчиња, а потоа отстранете го амонијакот со четка за заби и вода. Запомнете дека секогаш терба да користете ракавици за да ја заштитите кожата на вашите раце.

Филтри за кујнски аспиратори
Потребни состојки:
– ½ чаши сода бикарбона
– 1/2 чаши амонијак
Истурете вода во голема чинија и полека додавајте сода бикарбона со лажица. Ставете го филтерот во водата. Маснотиите и другите нечистотии ќе почнат да се испуштаат веднаш. Ако нечистотијата не се отстрани целосно од филтерот, измешајте 1/2 чаша со амонијак и 1/2 чаша вода. Пред да започнете со чистење со амонијак, отворете ги прозорците за да не го вдишувате истиот.

Душеци
Потребни состојки:
– 235 мл 3% раствор на водород пероксид
– 3 лажици сода бикарбона
– капка течен сапун
Направете ја смесата непосредно пред чистење за да ја направите поефикасна. Истурете го растворот во шише со спреј и нанесете го на дамките. Оставете го да отстои 5 до 10 минути и со правосмукалка подигнете ги остатоците од сода бикарбона.

Рерна
Потребни состојки:
– амонијак
Истурете го амонијакот во мала чинија, па ставете го во рерна да отстои преку ноќ. Оставете барем еден прозорец отворен. Не треба да ја мирисате рерната, но секогаш бидете сигурни дека кога користите амонијак, прозорецот во просторијата е отворен и вашите раце се заштитени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) „Чупавац торта“: Непечен крем десерт со наједноставна подготовка!

Вкус кој ќе ве натера повторно и повторно да го правите овој феноменален колач Состојки: …