(Рецепт) Колач со кокос со глазура од чоколадо: Сочен и мек десерт што се топи во уста!

Бисквитот е мек, а филот е вкусен
Состојки за бисквит:
2 јајца
малку сол
7 лажици шеќер
100 мл масло
200 мл млеко
200 грама брашно
1 кесичка прашок за пециво
2 лажици какао
Состојки за фил:
1 литар млеко
7 лажици гриз
5 лажици шеќер
2 вкесички ванилин шеќер
200 грама кокосово брашно
Подготовка на филот:
Прво ставете еден литар млеко да зоврие. Кога ќе зоврие, додадете седум лажици гриз, и промешајте.
Додадете две кесички ванилин шеќер и шеќер.
Варете на тивок оган две до три минути, а потоа додадете 200 грама кокос, а потоа измешајте сè добро.
Оставете филот да се олади.


Подготовка на бисквитот:
Додадете шеќер во јајцата и добро изматете со миксер.
Додадете ги останатите состојки, прво масло, потоа млеко, брашно и прашок за пециво и на крај додадете какао.
Промешајте сè, а потоа ставете ја смесата во плех за печење, покриен со хартија, да се пече во рерна загреана на 180. степени.
Кога бисквитот ќе се испече, оставете неколку минути во тавата а потоа префрлете на чинија за филување. Нанесете го филот на колачот.
Преку него нанесете чоколадна глазура.
Оставете да се излади и послужете.
Напомена: Доколку сакате бисквитот исечете го на половна а филот ставете го на средина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Брз и едноставен колач: Вкусни посни коцки!

Постите уште траат а денес ви предлагаме еден посен десерт: Потребно ви е чаша за …