НОБ: Гала оперски концерт и балет „Болеро“

По пауза од неколку месеци поради глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот, Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен гала оперски концерт и балетска претстава на отворено, под ѕвездите, насловен како „Опера и балет под ѕвездите“.

На 25.9.2020 со почеток во 21.00 ч.на платото пред Националната опера и балет (Плоштад „Мајка Тереза“) ќе се одржи ексклузивен оперски гала концерт со солистите: Сандра Митровска (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на Оркестарот при Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

 

Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска (сoпран) и Оркестарот на Националната опера и балет. Диригент: Бисера Чадловска

Концерт мајстор: Верица Ламбевска

Кореограф: Саша Евтимова

Режисер: Дејан Прошев

Костимограф: Марија Пупучевска

Светло дизајн: Милчо Александров

НАПОМЕНА: Влезот за публиката ќе биде отворен во 20.30 ч., почеток на настанот е 21.00 ч.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани на отворено, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска.

Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.

Билетите во строго ограничен број се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вендерс и Бењини – инспирација за проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“ на Трајкоски, Николов и Јованоски

Интердисциплинарниот проектkoj подразбира фузија на поезија, филм и музика ќе се реализира в понеделник во …