(ВИДЕО) Запечени полнети пиперки: Совршен ручек од рерна!

Ова јадење можете да го послужите дури и во свечени прилики
Состојки:
4 црвени пиперки
200 гр сирење
200 гр рендан кашкавал
300 гр чадена шунка (месо по желба)
3 јајца
2-3 лажици павлака
сол
маслиново масло
свеж магдонос
Подготовка: Исчистете ги пиперките и исечете ги по должина, веднаш вклучете ја рерната да се загрее.
Изматете ги јајцата, додадете сирење и павлака. Додадете сол по вкус и додадете шунка или месо по ваш избор и свеж магдонос. Наполнете ги пиперките со овој фил и наредете ги во подмачкан сад за печење.
Покријте го садот со фолија и печете на 200 степени, а потоа отстранете ја фолијата, посипете со рендан кашкавал и печете во рерна уште 10. минути.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ПОДОБРЕТЕ ја вашата врска со едноставна ВЕЖБА од само 30. секунди!

Сите сигурно сте ја минувале фазата на идеализација на партнерот и ова е нормална појава, …