(ВИДЕО+ФОТО) Титула за нов рекорд: Ѓоковиќ испиша историја во Рим

Новак Ѓоковиќ е владетел на Рим! Најдобриот тенисер на светот стигна до петтата титула во „вечниот град“ со победата над Аргентинецот Диего Шварцман со 7:5, 6: 3.
Србинот ја освои рекордната 36-та титула на мастерс-турнирите и со тоа е сам на првото место на вечната ранг-листа. Ѓоковиќ стигна и до 81-от трофеј во кариерата.

Триумфот на Новак му донесе нови 400 АТП поени, со кои ја зголеми предноста пред второпласираниот Рафаел Надал. И тоа на денот кога го престигна Пит Сампрас на второто место на вечната листа според бројот на недели поминати на првата позиција.
Ѓоковиќ стана најстариот шампион на Рим во историјата.

Ѓоковиќ го освои петтиот трофеј во Рим и рекордна, 36-та мастерс титула, со што се осамостали на листата според бројот на трофеи на турнирот од 1.000 серии, бидејќи Рафаел Надал остана на 35. трофеи.
Шварцман се избори за финале и можност за титула на турнирите во серија 1000, но по фантастичните победи над Надал и Шаповалов, не можеше да го совлада првиот тенисер во светот.
Значи, повторно, Новак создаде нова страница во историјата на тенисот.

Токму „џелатот“ на Рафа беше на колена во финалето, по голема борба и неверојатен прв сет во кој Шварцман подлегна на притисокот. Тој потклекна и во продолжението, заморот си го направи своето, а Новак прифаќа такви ситуации со раширени раце и ја поместува границата.

И тогаш најдобро се гледа разликата помеѓу Ѓоковиќ, Федерер, Надал и другите кои претендираат да се вмешаат во самиот врв на белиот спорт. Но, не им оди…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) УФЦ светски шампион се исплашил од змија: Претходно се борел со мечки и лавови

Хабиб Нурмагомедов утре (сабота) ќе ја брани УФЦ титулата во лесна категорија против Џастин Гетже. …