Сензација на Мастерсот во Рим: Шварцман го исфрли Надал – минатогодишниот освојувач на турнирот

Шпанецот Рафаел Надал беше неочекувано запрен во четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Аргентинецот Диего Шварцман беше подобар од него во два сета – 6:2, 7:5, па ќе игра во полуфиналето против Денис Шаповалов, кој го елиминираше Григор Димитров.
Вториот тенисер во светот Рафаел Надал доживеа шокантен пораз во вечниот град. Се очекуваше рутинска победа на „кралот на земјата“ во дуелот со Шварцман, но се случи сосема спротивното.
Љубителите на тенисот „мирисаа“ дека Ѓоковиќ и Надал можат да се сретнат во големото финале во Рим, во случај успешно да ги надминат сите пречки
Сепак, не мислеше така Диего Шварцман, кој го одигра натпреварот од неговиот живот и ги поништи сметките на фаворизираниот Шпанец.
Добро мотивираниот Аргентинец, инаку 15-ти рекет во светот, влезе со посебен мотив во натпреварот со Рафа. Го одржуваше сервисот до 2:2 во гемови, за во петтиот да му направи брејк на Шпанецот.
Следеше рутинска игра на свој сервис, а потоа и нов шокантен брејк. Двапати во првиот сет, Шварцман му го „украде“ сервисот на Надал.
Вториот сет започна и не се виде брејк во првите шест гема, а потоа на сцена стапи истоименикот на маестро Марадона, кој повторно го изненади големиот фаворит Надал и направи брејк.


И токму кога требаше да го потврди брејкот, Шпанецот покажа зошто е голем шампион и сопственик на 19 грен слем трофеи. Тој го брејкна Шварцаман.
Едноставно е неверојатно што се случи во седмиот, осмиот, деветтиот и десеттиот гем. Четири гема – четири брејка.
Уште еднаш, Шварцман го доведе Шпанецот до „лудило“, и повторно успеа да стигне до брејк без да загуби поен. Неверојатно, но исто така се случува.
Се очекуваше Аргентинецот рутински да го приведе натпреварот на свој сервис, а следеше тотален шок. Надал „се врати од мртвите“, а сега стигна до брејкбез да му даде поен на Шварцман – 5:5.
Неверојатните настани продолжија во 11-от гем, кој заврши повторно со брејк на Шварцман.
И, конечно, по еден необичен и необјаснив „дожд на брејкови“, дури пет изедначувања, Диего успеа да го добие натпреварот на свој сервис, и со тоа да го добие мечот со 6:2, 7: 5.
Следната пречка на патот до финалето во Рим на Диего Шварцман ќе му биде Денис Шаповалов (мечот почнува околу 19. часот), додека Новак Ѓоковиќ во недела околу 14. часот во полуфиналето ќе игра против Каспер Руд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) СПЕКТАКУЛАРНО – ЈА ЗАТРЕСОЛ МРЕЖАТА ОД СВОЈАТА ПОЛОВИНА: Фудбалер на Омонија постигнал гол од НАЈГОЛЕМА ОДДАЛЕЧЕНОСТ во историјата на Лига Европа!

Фудбалерот на Омонија, Хорди Гомеш постигнал еден од најатрактивните голови во историјата на Лигата на …