(ФОТО) Како влијаат боите на вашето расположение?

Каде и да погледнете има безброј различни бои со безброј различни нијанси. Природата се погрижила животот околу нас да биде жив и разнобоен. Боите се одлика на различните аспекти на светот, како и на нашата лична историја.

Дали знаете?
Боите извонредно влијаат врз расположението. Замислете дека се наоѓате во свет без бои и сѐ изгледа многу здодевно. Сега, замислете дека одеднаш гледате нешто црвено или сино, во безбојниот свет? Дали се чувствувате возбудено? Љубопитно? Восхитено? Се разбира, одговорот е да.
Црвените бои предизвикуваат возбуда и поттикнуваат чувство на авантура и страст. Сините нијанси, пак, смируваат, релаксираат и предизвикуваат чувство на спокој. Без разлика на твоето лошо расположени, присуството на благородната сина боја ќе предизвика тоа да се исчезне. Апсолутно магично!
Боите и расположението
Постојат многу начини со кои можеш да се погрижиш боите во твојот живот да го подобрат твоето расположение, наместо да го влошат. Ако си жена, најдобриот начин да го контролираш ефектот на боите е преку облеката и шминката.
Следуваат неколку бои што сигурно ќе го подобрат твоето расположение! Погледни ги.

ЦРВЕНА И РОЗОВА: заводливост, возбуда, љубов и страст!
Ако си расположена за малку смелост, заводливост, самодоверба и страст, црвената боја е совршена за тебе. Во психологијата, црвената е позната како бојата на привлечноста, страста и возбудата. Оваа боја и розовата, заедно се поврзуваат и со љубовта. Можеш да носиш облека во неутрална боја, но нанеси црвен кармин и лак за нокти и ќе го привлечеш вниманието на сите околу тебе. Ако не ти се допаѓа црвената боја и сакаш природен и нежен изглед, розовата боја идеално ќе ти одговара. Пробај розови и црвени нијанси на кармини и лакови за нокти и увери се во ефектот на овие бои.

 

ВИОЛЕТОВА: благородност, мудрост и удобност!
Се чувствуваш како да немаш многу среќа? Имаш ниска самодоверба? Тогаш носи нијанси на виолетова. Избери ја совршената нијанса за тебе и увери се во магијата на оваа боја. Виолетовата боја ќе ти ја врати загубената самодоверба, ќе ја нагласи благородноста во тебе и ќе ти овозможи чувство на утеха.

ЗЕЛЕНА: здравје, природа и среќа!
Зелената боја создава чувство на среќа и здравје. Ако сакаш да се чувствуваш природно и спокојно, зелената е дефинитивно бојата за тебе. Зелените лакови за нокти на Орифлеим ќе направат да се чувствуваш среќно и природно!

СИНА: мир, спокој и рамнодушност
Многу луѓе мислат дека сината боја е бојата на тагата, но тоа не е вистина. Сината боја најчесто се користи за создавање чувство на спокој. Ако обрнеш внимание, ќе забележиш дека сината се користи за декорирање канцеларии и клиники. Сината боја придонесува за поздрава и посмирена работна средина. Носењето сина боја ќе те потсети дека можеш да надминеш сѐ во животот!

ПОРТОКАЛОВА: свежина, есен и нови почетоци!
Дали сакаш да го промениш стилот? Животот? Тогаш, портокаловите нијанси се идеални за тебе. Портокаловата е бојата на свежината и несекојдневноста. Доколку наидеш на неа, тогаш оваа боја сигурно ќе го привлече твоето внимание. Кармините на Орифлеим во портокалова или во боја на мандарина се совршени за летните денови! Покажи им на сите дека си тука и дека си подготвена за забава.

ЦРНА И БЕЛА: невиност, сила, живот и едноставност!
Многумина би рекле дека црната и белата боја не привлекуваат внимание, што воопшто не е вистина! Белата боја зрачи со невиност и ангелска енергија што ги привлекува луѓето, а ако сакаш да нанесеш и црна шминка, тогаш подготви се да се чувствуваш силно и самоуверено, благодарение на црната боја! Црно-белата облека, исто така, ти овозможува да носиш додатоци и да користиш шминка во шарени бои!
Најдоброто за боите е што секоја од нив има посебно значење за секој човек. Можат да те развеселат и неверојатно да го подобрат твоето расположение! Ова можеш лесно да го постигнеш со нанесување кармин, сенка за очи, туш за очи или лак за нокти во некоја фантастична боја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …