Не влегувајте во расправија со нив: Знаци кои ќе ве поразат во секоја кавга

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Некои хороскопски знаци знаат подобро од другите како да се изборат за себе. Во првите редови има огнени знаци и еве зошто не треба да се надевате дека ќе ги победите кога ќе влезете во расправија со нив.
Овен
Овните се познати по тоа што се агресивни и страствени, па затоа секогаш се „подготвени за војна“. Понекогаш, дури и откако ќе сфатат дека не се во право, нивната природа не им дозволува да се предадат.
Лошата страна на Овенот е што тие честопати можат да ги изгубат нервите кога на почетокот нештата не им одат во прилог. Колку и да е логичен вашиот аргумент, доколку влезете во расправија со Овен, големи се шансите на крајот да се откажете.

Лав
Најдоминантен знак на зодијакот. Лавовите гледаат сè и знаат сè, па дури и кога не е така, нивната самодоверба зборува поинаку. Затоа, кога се расправате со Лав, очекувајте да имаат „целосна папка“ со информации што можат и ќе ги користат против вас.

Стрелец
Како и другите два огнени знаци, Стрелецот никогаш не губи. Секоја расправија со Стрелец е осудена на пропаст уште од самиот почеток, бидејќи, иако тие не се гласни во презентирање на аргументи, тие се доволно упорни и трпеливи да го повторуваат истото додека не ве „дотепаат“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пред нас е најмоќниот период во годината: Замрачувањето на Месечината ќе им го закомплицира животот на овие знаци!

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …