(ФОТО Галерија) Во Дојран стартуваше националното првенство во триатлон

Натпреварот е во организација на Триатлон Федерацијата на Македонија и на Општина Дојран, помагатели се Агенцијaта за млади и спорт и Олимписки Комитет на Северна Македонија. На настанот учествуваат над 80 учесници во 12 категории.

„Триатлон спортот во Македонија засилено расте и напредува и очекуваме убаво организирана и силна трка денес во Дојран“, истакнаа организаторите на Националното првенство во триатлон.

Организаторите на настанот апелираат до сите учесници без исклучок да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Задолжително е носење маска пред и по трката, да се избегнуваат групирања, да се одржува физичка дистанца и редовна дезинфекција на рацете на пунктовите поставени за таа цел.

И градоначалникот од општина Дојран Анго Ангов го навести настанот на социјалната мрежа Facebook:

„На ден 20.09.2020 ( Недела) со почеток од 09:00часот, во Дојран ќе се одржи национално првенство во триатлон.
Националното првенство ќе се реализира согласно владините мерки и препораки за одржување на настани под отворено и заштита од Ковид-19.


На ден 20.09.2020година, патниот правец од Нов Дојран до ГП Стар Дојран во периодот од 09:00 до 10:30часот ќе биде целосно затворен“, вели Ангов.

Оваа спортска гранка во 1993. година во Македонија ја основал Ѓорѓи Кузмановски.
Во Дојран триатлонот во кој спаѓаат возење со велосипед, пливање и трчање се одржува по 8. пат.

Првата трка во триатлон е одржана во 1993. година на езерото Треска, кога учествувале 15. натпреварувачи, а победил Игор Димовски кој пред неколку години го преплива Ламанш а во моментов е меѓу најдобрите триатлонци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈЦРН ДЕН ВО МАКЕДОНИЈА – Починати 12. лица: После само 771. тестирање за изминатите 24. часа се регистрирани 161. нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 771 тестирања, а регистрирани …