(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ по 10. пат во финалето на Рим – конечно тенис пред публика!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, по 10-ти пат во кариерата ќе игра финале на Мастерсот во Рим. Тој во полуфиналето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 7:5, 6:3.
Ѓоковиќ ќе се бори за петтата титула во „Вечниот град“, прва од 2015. година.
Србинот дојде до победа по нешто повеќе од два часа игра. И тоа затоа што тој спаси две сет топки во првиот сет.

Новак имаше три несакани ситуации за главниот судија кој му досуди аут а соколовото око,покажа дека првиот тенисер на светот сите три пати бил во право.

Италијанските власти донесоа одлука за дозволено присуство на одреден број луѓе на настани на отворено, а тоа значеше публика на трибините, од денес,недела, на тенискиот турнир во Рим.

Во второто полуфинале во 19.00 часот, а со директен пренос на Спорт Клуб 1, ќе се сретнат Диего Шварцман и Денис Шаповалов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Бивш ММА борец убиен во ресторан во Дагестан

Поранешниот ММА борец,Шамил Абдулмуслимов, е убиен во Дагестан, пренесува „База“, а пренесува рускиот портал „Чемпионшип“. …