(ВИДЕО+ФОТО) И’ би 35. издание на „Макфест“: Победи „Нокаут“ но 35. издание ќе го памтиме по срамниот настап на дебитантот со 76. години, Григор Копров!

„Нокаут“ со „Сакам да живеам“ е обедник на 35. издание на „Макфест“, втор беше Ѓоко Танески со „Ден по ден“, а третата награда „Ако те изгубам“ му припадна на Омер Џаферовски…
Синоќа, на плоштадот „Слобода“ беа изведени композициите од втората фестивалска вечер на „Макфест“,кои имаа натпреварувачки карактер а најдобрите беа наградени со парични награда во износ од 5. илјади евра, три илјади (Ѓоко ТанескИ) и 1.000 за Џаферовски. Наградата ја врачи заменик градоначалникот на Штип, Јане Миланов. Втората награда му припадна на Ѓоко Таневски, а третата на Омер Џаферовски, На сцената се појави и уште еден штипјанец Иле Спасов, кој доби исто така награда, но за аранжаман за успешната изведба на младата Лара, „За нас“, а една награда додели и познатата оперска пејачка, Елена Голомеова, која беше и во жирито.

Заврши и ова јубилејно издание, во кое свое шоу имаше Игор ЏАМБАЗОВ. Посетителите задоволни го напуштија фестивалот од се она што беше презентирано на двете фестивалски вечери, на отворен простор на плоштадот „Слобода“. На првата вечер извонреден настап имаа Ристо Самарџиев и професорката во Музичкото училиште во Штип, Виолета Арсовска, по што и најмногу и ќе се памети 35. издание на „Макфест“.

„По 24. години конечно нешто да освоиме, публиката тоа го забележа, дека има некаков квалитет, што сме го направиле. Се разбира тука е жирото кое гласаше за нас и веројатно жирото, тоа го почуствувало. Најважно е за мене да се почуствува песната, да се пренесе енергијата, кај публиката, еве и кај жирото и сметам дека е заслужено“, рече Пере од Нокаут.

И тоа би било она типично фестивалско видување на „Макфест“ со сите детали, карактеристики кои треба да се напомнат. Но…Сега започнува едно големо НО…Уште пред стартот на „Макфест“ следеа објаснувања дека демек едни ја осмислуваат првата вечер а други натпреварувачката вечер…И просто непростливо е, особено кога се прави една ретроспективна вечер, особено кога имате можност да изберете што од изминатите 35. години ќе се појави на сцената, да ја заборавите првата песна – победничка композиција на „Макфест“…Тоа е едноставно непростливо. „Кога те нема“ поради пандемијата и да сакаше не можеше да ја изведе Хелена Благне но сигурно дека авторот (Кире Костов) ќе најдеше соодветна македонска замена, особено затоа што Кире Костов заслужува да биде на ревијалната вечер со неговите песни. На што личеше тоа – демек 8. избрани (не најдобри вокали во Македонија) ќе пеат и туѓи песни, а ниту нивните песни не оставија забележителни фестивалски траги … а поради тие 8. ќе заборавиме врвни македонски изведували…Сигурно дека никој од заборавените не би барал хонорар туку со радост би дошол да пее…Ако, никој друг не може да го пее Кичо кога тој човек два часа се распејуваше пред настапот, или пак Љупка Димитровска која повеќе не е меѓу нас… Но, наши изведувачи, наши композитори, да не се таму, а победиле, башка првата победа на „Макфест“ да не се одбележи на 35. години на фестивалот е жално и ниско. Не сакам да го прифатам она „македонска работа“, бидејќи еднаш и засекогаш, треба да се стави крај на сите пречки и игри на фестивалите – што преживеаа, иако може – реално – да се сведе само на „Макфест“ и поради тоа треба да се тргнат на страна сите лични врски, протекции и еднаш да почне да се тера ПРОФЕСИОНАЛНО!
Оти, како може да се опише овој настап на дебитант од 76. години, освен врски, протекции и непрофесионалност. Срамота!

Политиката треба да се тргне од „Макфест“ и впрочен од музиката и културата воопшто за да одиме напред…а не да се враќаме на стари и излитени нешта. И,да, да не заборавиме да се врати поранешната водителка, Вера Јанковиќ – ако не сака таа да се најде друга оти ова повеќе не оди…

Г.О.
Фото: Макфест

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од понеделник на Сител стартува „Магазин“

ТВ Сител во вистински момент го покренува дневната емисија „Магазин“ која би требало да ни …