(ФОТО) Ѕвезда на Нетфликс уапсена поради обвинувања за педофилија

Џери Харис, sвездата на серијалот „Cheer“ на Нетфликс, беше уапсен под сомнение за сексуална експлоатација и злоупотреба на две момчиња, пишува „Дејли Стар“. Сега имаат 15 години, а во спорниот период имале по 13 години.
Се наведува дека ја користел својата популарност за време на снимањето на документарниот филм, и разменувал пораки со малолетници преку социјалните мрежи кои биле од сексуална природа. Тој од нив побарал експлицитни фотографии, кои тој самиот ги испратил до обвинителите.
„Тој честопати се обидуваше да ги присили да го пречекаат во живо на затскриени места, барајќи сексуални односи со нив“, се вели во тужбата.
Тимот на Харис ги негирал овие тврдења, а Нетфликс сè уште не одговорил.
„Убедени сме дека вистината ќе биде откриена откако ќе заврши истрагата. Ние ги оспоруваме овие постапки што наводно се случиле додека Џери бил уште тинејџер“, рекле од неговиот тим.

Целиот случај го презел ФБИ, кој спроведува истрага. Обвинувањата против Џери беа презентирани пред полицијата од страна на авторитет на навивачкиот клуб „Варсити“.
Харис е телевизиска sвезда која се прослави по документарецот на Нетфликс со својот позитивен став и харизма.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Водителка ја снимила својата мамографија: „За моите гради, инаку, пишуваат поради глупави причини!

„Британската водителка Аманда Холден на Инстаграм споделила видеа направени за време на мамографија. Како што …