Откриени сите детали за состојбата на Шумахер

Од тешката повреда на 29. декември 2013. година, здравствената состојба на Михаел Шумахер привлече големо внимание во јавноста, но има малку специфични информации што пристигнале од лекарите.
Легендарниот возач на Формула 1 доживеа несреќа додека скијаше на француските Алпи, по што заврши во кома поради сериозни повреди на главата.


Годините на третман следеа во строга дискреција, далеку од очите на јавноста, и како што пренесува „Кориере дело спорт“, во документарниот филм на францускиот ТМЦ, неврологот Ерих Ридерер ја разбудил надежта на спортската јавност.
„Михаел Шумахер е буден, дише, неговото срце има убав ритам. Тој веројатно може да седне, можеби дури и да направи чекор со помош на другите, но не повеќе од тоа“, рекол докторот.


Сепак, по добрата вест, Ридерер откри разочарувачки информации.
„Мислам дека ова е најмногу што може да стори“.
Германски професор по неврологија верува дека Шумахер не е во состојба што може да доведе до закрепнување.


„Повредите што ги претрпе се од трајна природа и нема реверзибилен процес што би го вратил во претходната состојба. Тој е во еден вид вегетативна состојба, што значи дека е буден, но не реагира“, открил Ридерер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Солзи радосници од Сара Мејс: „Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials? И тоа со вистинското име на мојата земја?“

„Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials ?!?   И тоа со вистинското …