„Макфест 2020“ со натпреварувачка вечер на плејбек а со исти награди од 5., 3. и 1000 евра

Вечерва во Штип, на градскиот плоштад ќе се одржи втората, натпреварувачка, вечер…Ќе имаме можност да слушнеме 24.нови композии кои ќе се обидат да влезат во аналите на „Макфест“ а и да останат меѓу публиката.
Поради корона вирусот изведувачите ќе настапат на плејбек. Интересно е што се скратија фестивалските вечери но не и наградите…

Наградите остануваат исти како и претходните години, 5000 евра за прво место, 3000 евра за второ и 1000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобра аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант во висина од 500 евра, а нема да се додели наградата за најдобра интерпретација бидејќи фестивалот ќе биде на плејбек.Причина за ова, според техничкиот раководител Кирил Панајотов е заштитниот фактор, односно неможноста да се менуваат 24 микроофони:


– Според протоколот за заштита, потребно е засебен микрофон за секој изведувач. Не постои таква техничка можност и затоа одиме на плејбек, додека првата вечер, на ревијалниот дел, имаме осум изведувачи и тоа е изводливо – напомена Панајотов.

Шоу програмата е на Игор Џамбазов и Гуру Харе, кои ќе настапат по завршувањето на натпреварувачкиот дел, додека публиката гласа. Кога сме кај гласањето, ќе гласа публиката, согласно протоколот и заштитните мерки, а дел од гласачкиот сегмент не се открива, за да се избегне можноста за интервенции. Истиот ќе биде објавен на денот на фестивалот.
Со директниот пренос на МТВ ќе имаме можност да ги проследиме овие композиции:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Солзи радосници од Сара Мејс: „Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials? И тоа со вистинското име на мојата земја?“

„Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials ?!?   И тоа со вистинското …