Лице како порцелан: Темелно исчистете го лицето со природни состојки

Тријте го лицето со коцки лед, ќе го ублажите црвенилото, ќе го намалите воспалението
Најчесто самите го „чистиме“ лицето, што неизбежно остава последици
Акни, црни точки, мозолчиња се чести на лицето, но тие се неблагодарни затоа што често оставаат лузни. Всушност, ние обично самите го „чистиме“ лицето, што неизбежно остава последици. За да се избегне ова, постојат ефективни начини да се отстранат овие непријатности.

1. Лимон – ќе спречите појава на мозолчиња со редовно чистење, пилинг и хидратација на кожата. Затоа исечете го лимонот на половина и истријте го лицето. Може да исцедите лимон и да натопите парче памучна вата и да го исчистите лицето. Лимонска киселина е многу корисна за кожата.

2. Цимет – овој зачин е познат по своите антиинфламаторни својства. Измешајте три лажици мед, лажичка цимет и направете домашна маска. Нанесете на лицето, оставете да стои десет минути.

3. Зелен чај – земете две лажички зелен чај и направете пијалок. Кога ќе се олади, користете го како тоник за лице.

4. Јајца – тие се одлична храна за затворање на проширени пори. Можете да направите маска од изматено јајце и мед, оставете ја маската да стои околу десет минути.

5. Коцки мраз – тријте го лицето со коцки мраз, ќе го ублажите црвенилото, ќе го намалите воспалението.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Здружението „Храбро Срце“ ја започнува кампањата за органодарителство

Како што добро знаете на 10.10.2020г. за првпат го одбележавме Европскиот ден за органодарителство. На …