dsc_8069_2019030590520785.jpg

Во Тотенхем задоволни од цената за Беил

Гарет Беил пристигна вчера во Лондон и се состана со челниците на Тотенхем, кои денес треба да ја објават неговата позајмица од Реал.
„Сан“ пишува дека Спурс се договориле со Реал за остатокот од огромната плата на Беил, која ќе ја преземат и прилично ефтината отштета од 13. милиони евра за едногодишна позајмица. Ако сè оди добро, заемот може да биде продолжен на две години, сè додека не истече договорот на Беил со Реал.

Беил при пристигнувањето, напишаа Англичаните, изгледал среќен и задоволен, бидејќи десетици навивачи на Тотенхем со песна скандирале „Герет Беил е роден да игра за Спурс“.

Беил на тој начин треба да стане вториот играч на Реал кој пристигна во Тотенхем ова лето. Спурсите веќе го купија 23-годишниот лев бек Серхио Регуилон за 27. милиони евра. Шпанецот потпиша петгодишен договор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) УЖАСНО – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОРИ, БОРЕЦ УМРЕЛ ВО РИНГОТ: Млад професионален борач примил незгоден удар и само паднал!

Веднаш се онесвестил, а противникот и судијата брзо забележале дека нешто не е во ред …