(ВИДЕО) Брз колач со кокос и бисквити

Совршен спој на бисквити и кокос се вистинска рапсодија за вашето непце.
Ќе се изненадите како од толку малку состојки можете да направите вакво совршенство.

Потребно е:
200 мл млеко
50 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
150 г маргарин
150 г кокосово брашно
150 г мелени бисквити


Подготовка:ставете 200 мл млеко да се вари со ванилиниот шеќер и во шеќерот во прав. Додајте исечен маргаирн. Кога млекото ќе зоврие намалете ја температурата на ринглата и додајте го кокосовото брашно а потоа и мелените бисквити.
Состојките убаво измешајте ги и варете 2 – 3 минути.
Долг и длабок калап (26х8 см) обложете со фолија (прозирна или алуминиумска) и истурете ја смесата за колачот. Рамномерно распоредете по аглите. Покријте со фолија и оставете во фрижидер да се стегна, два до три часа.
Потоа колачот превртете го на чинија за служење, наросете со кокос и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Здружението „Храбро Срце“ ја започнува кампањата за органодарителство

Како што добро знаете на 10.10.2020г. за првпат го одбележавме Европскиот ден за органодарителство. На …