Без кои пет работи не можете да го замислите денот?

Дали некогаш сте размислувале за работите без кои не можете ни да замислите да ви помине денот? Листата е сигурно прилично долга, а на неа веројатно се наоѓаат пријателите, добра музика, интернет, можеби еден пар добри патики за трчање, четкичка за заби….

Ако моравте да одберете пет работи без кои не можете да „функционирате“ во текот на денот, кои би биле тие? Сигурни сме дека секој еден од нас има сопствена листа на неопходни „ситници кои живот значат“, но сакавме да провериме и што се наоѓа на ваквата листа кај една од најактуелните пејачки во регионот, харизматичната Сенидах.

  • Инспирација. Ја пронаоѓа секаде околу себе, во луѓето, во местата, во боите и ја претвора во звук, ја изразува преку текст или ја претставува преку нејзиниот специфичен стил на облекување.
  • Модни додатоци. Сенидах е страстен љубител на убави и модерни парчиња облека. Нејзиниот автентичен стил на облекување е инспирација за многумина во регионот.
  • Кафе. Како што велат стиховите од еден од нејзините хитови „Само уживај“, Сенидах сака да ужива во животот. Поради тоа од кафето повеќе бара уживање отколку енергија, така што се одлучува за кремасто млечните вкусови на кафе. Таа со себе секогаш има Insta Grand 3in1 Classic кафе, бидејќи пиењето на тоа кафе е еден од начините на кои таа си удоволува себеси, а притоа и наоѓа начин да се опушти.
  • Мобилен телефон. На него секојдневно ја слуша нејзината омилена музика, слика селфија и видеа, и секако, разговара со нејзините фанови.
  • Љубов. Према себе, према пријателите, према музиката или модата… „Бидејќи без љубов не би била она што сум“, како што таа самата често напоменува.

Сенидах ви ги претстави нејзините пет работи без кои не може да ѝ помине ниту еден ден, а колку од нив се наоѓаат и на вашата листа? Дали ги има многу повеќе од пет и дали одбравте слични работи со оние на Сенидах?

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

КАКО ПРЕКУ ИСХРАНАТА ДА ЈА ВРАТИТЕ ШТИТНАТА ЖЛЕЗДА ВО РАМНОТЕЖА: Кај хипо и хипертироидизам одбегнувајте ги ОВИЕ намирници!

За секој случај, пред да направите какви било промени во вашата исхрана, консултирајте се со …