Филхармонија со концерт по повод 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир

Филхармонија поканува на посебен културен настан – свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години од неговото основање.
Концертот ќе се одржи на 23 септември (среда), во Големата сала на Филхармонијата, со почеток во 20 часот.
Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат: Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).
На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции.
Бидете и Вие дел од овој уникатен настан, за заедно да му оддадеме чест на Бигорскиот Манастир, кој веќе 1000 години ја облагородува македонската земја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Солзи радосници од Сара Мејс: „Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials? И тоа со вистинското име на мојата земја?“

„Дали е реално дека се наоѓам на WHD specials ?!?   И тоа со вистинското …