„Макфест“ вечерва започнува нова епизода!

Годинешното издание на „Макфест“, поради пандемијата со ковид-19 ќе се одржи во нов термин но и во нов амбиент…
Фестивалот ќе се оддржи на 18. и 19. септември (петок и сабота) на градскиот плоштад, во Штип, под отворено небо, и ќе донесе повеќе новини…
Така „Макфест 2020“ ќе има ревијална вечер, на која ќе настапат осум музички имиња, дел победници а дел познати изведувачи од годините наназад, додека втората вечер ќе биде натпреварувачка и на неа ќе настапат 24. изведувачи.
Со реализацијата на вечерашнава ревијална програма, на која учество ќе земат:Џина Папас Џокси,Трајче Манев, Група “Интервали“, Лидија Кочовска, Мики Јовановски Џафер, Дарио, Ристо Самарџиев и Олгица Христовска, започнува одржувањето на 35-тото издание на Фестивалот на забавни мелодии “Макфест“.Тие ќе ги изведат по две нумери, едната што ја пееле на Фестивалот, а другата е обработка на други песни исто така изведени на сцената на Макфест.Нив ќе ги придружува “Big Band” под диригентската палка на Љупчо Мирковски.


Наградите остануваат исти како и претходните години, 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ и 1.000 евра за трето место. Ќе се доделат и наградите за најдобра аранжман, за најдобар сценски настап и за дебитант во висина од 500 евра, а нема да се додели наградата за најдобра интерпретација бидејќи фестивалот ќе биде на плејбек.Причина за ова, според техничкиот раководител Кирил Панајотов е заштитниот фактор, односно неможноста да се менуваат 24 микроофони:
„Според протоколот за заштита, потребен е посебен микрофон за секој изведувач. Не постои таква техничка можност и затоа одиме на плејбек, додека првата вечер, на ревијалниот дел, имаме осум изведувачи и тоа е изводливо“, напомена Панајотов.


Za prv pat :)Stage MAKFEST 2020 ;)Plostad "SLOBODA" – Stip


Gepostet von Vladimir Dojcinovski am Freitag, 18. September 2020

Годинава, заради Корона вирусот ќе го нема традиционачлниот коктел и сечењето на торта.Единствен предизвик се временските прилики, и организаторот изрази надеж дека времето ќе биде на нивна страна. Преносот и годинава е во реализација на МРТВ со почеток во 20:30 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да …