Средба Филипче- Бартолини Филипче: „Со 4 милиони евра од ЕУ се обезбедува опрема во здравството и јакнење на здравствениот систем“

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера оствари средба со Никола Бартолини – шеф на секторот за Програми за финансиска поддршка при Делегација на Европската Унија во Скопје. 

На средбата се разговараше за десет годишната стратегија за развој на здравството со поддршка на ЕУ.

„Го финализираме стратешкиот документ – 10 годишната стратегија за развој на здравството, со поддршка на Европската унија. Со ова, ќе овозможиме унапредување на здравствената заштита, поголемо вложување и стабилен здравствен сектор.  Исто така, во тек е финализирање на подготвоките за ИПА 3 програмата во секторот здравство. Станува збор за акциски документ преку кој ќе се реализираат проекти, активности во областите, унапредување на здравјето на мајки и деца, електронско здравство, како и подобрување на превенција и контрола на незаразни болести.”- истакнува министерот Филипче.

Со помош на ЕУ, се реализира проект за јакнење на здравствениот систем и брз одговор на заразни болести ковид-19 преку кој ќе се обезбеди опрема во вредност од околу 4 милиони евра.

Во изминатите месеци со справувањето со коронавирусот, здравствените установи од Унијата добија 20 механички вентилатори, 20 монитори за интензивна нега, 626 сета за 31.300 тестови и близу 40.000 парчиња разна медицинска опрема, 30.000 заштитни маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 хируршки ракавици, 20.000 заштитни очила, како кислородни маски, филтри, катетри и други неопходни материјали за потребите на здравствениот сектор.

Министерот Филипче се заблагодари за целокупната поддршка која ЕУ и ја дава на Република Северна Македонија низ годините, особено во изминативе месеци со справувањето со пандемијата ковид-19.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОДАТОЦИ НА СЗО: Рекордни 505 000 нови случаи ширум светот за само 24 часа – најмногу од почетокот на пандемијата!

Повеќе од 505.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во СВЕТОТ во петокот, што е …