(ФОТО) Тажна исповед на братот: „Принцезата Диана ја чекаше мајка си на прагот но таа никогаш не дошла“

Никогаш не прежалената принцеза Дијана, чија 23-годишнина од смртта беше одбележана минатиот месец, се чини дека никогаш не престанала да ги пополнува колумните во весниците. Помалку познати детали за нејзиното несреќно детство изјавил за Times”, братот на принцезата Дајана, Чарлс Спенсер.

Дајана Франсис Спенсер е родена на 1 јули 1961 година во Парк Хаус, Сандрингем, Норфолк. Таа имала две постари сестри, Џејн и Сара и помладиот брат, Чарлс. Нејзините дадилки ја опишале како безгрижна и разиграна девојка која сакала да остане во природа и да си игра со животни.


Дијана пораснала во вистинско аристократско семејство. Нејзиниот татко работел за кралот Џорџ Шести и за младата кралица Елизабета Втора. Кралскиот имот во Норфолк бил на само неколку милји оддалечен од Дијана.


„Татко ни беше тивок и постојан извор на љубов, но нашата мајка не беше создадена за мајчинство. Не беше нејзина вина, не можеше. Додека ги пакуваше своите работи за да си замине, и вети на Дијана (принцезата тогаш имала осум години) дека ќе се врати да ја види. Дајана ја чекаше на прагот, но таа никогаш не дојде“, изјави Чарлс Спенсер за „Times”“ за деталите за најголемата траума од детството на неговата сестра.


Чарлс претходно изјавил дека родителите на Дајана многу тешко се разведоа. Тие се развеле по 15 години брак. Братот на Дијана открил дека 20. години одел на терапија за да го преболи фактот дека нивната мајка ги напуштила.

Братот Чарлс
Кога нејзините родители се развеле, Дијана имала само 6 години и не можела да се помири со тој факт. Разводите биле реткост во Англија во тоа време, а уште поневообичаен бил фактот дека таткото на Дијана добил старателство над децата.
Познато е дека Дајана по разводот на нејзините родители изјавила: „Јас нема да стапам во брак сè додека навистина не се заљубам затоа што кога нема љубов, луѓето се разведуваат. И никогаш не сакам да се разведам!“


И таткото и мајката наскоро се венчале, а Дијана многу рано презела улога, што не било вообичаено за девојче на нејзина возраст – таа станала „сурогат“ мајка на нејзиниот помлад брат Чарлс, заштитувајќи го и давајќи му ја потребната љубов и топлина. На овој начин, веќе како тинејџерка, таа се здобилљ со особина што ќе ја следи подоцна во нејзиниот живот – го отвори срцето и им помагаше на другите да си го олеснат сопственото страдање.


„Најголемиот сон на Дијана беше да има долг и среќен брак и големо семејство, сето тоа што го немаше како дете“, рекла долгогодишната дадилка на Дијана во едно интервју.


„Двете наши постари сестри одеа на училиште, па јас и Дијана бевме заедно и разговарав со неа“, рекол помладиот брат Чарлс Спенсер како идната британска принцеза и тој се бореле со разводот на родителите Франсис и Џон Спенсер во 1969. година.

Инаку, Чарлс Спенсер (56) бил во брак три пати и е татко на пет деца, а неговиот татко Џон Спенсер имал два брака и пет деца. Чарлс сега е во среќен брак со претприемачката Карен со која се оженил во 2011 година.


„Брзо се свршивме и сигурен сум дека луѓето помислија – еве го повторно. Но, тогаш бев сигурен“, – рекол тој за неговата сегашна сопруга која ја носи титулата грофица Спенсер и тврди дека најатрактивното нешто кај нејзиниот сопруг е тоа што тој сака да работи на себе.

Фото: Инстаграм

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на …