(ФОТО) Паштета од печени пиперки и ореви

Пикантен намаз во кој ќе уживате.
Состојки:
– 800 гр големи црвени пиперки
– 1 лута пиперка
– 2 чешниња лук
– сок од половина лимон
– 50 гр ореви
– прстофат мелен ким
– 1/2 лажичка сол
– 50 мл маслиново масло
– 30 гр презла
Подготовка:пиперките добро измијте ги, избришете ги и ставете ги на скара во рерната што сте ја загревале на 200 степени. Печете 50 минути, вртејќи ги повремено.
Излупете ги пиперките, и исчистете од семето. Исечкајте ги исчистените пиперки, лутите пиперки, лукот, сокот од половина лимон, кимот и претходно нпотпечените ореви.
Можете да користите блендер за да добиете мазна смеса.
Потоа додадете маслиново масло и презла и сè рачно убаво измешајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на …