(ФОТО) Нетфликс платил 30. милиони долари за карантинскиот филм на Зендаја

Нетфликс платил 30. милиони долари за да ги добие правата за светската дистрибуција на филмот „Малком и Мари“, во кој играат Зендаја и Џон Дејвид Вашингтон.
Тоа е филм што младата актерка го снимила за време на карантинот, и се чини дека нема да оди во киносалите, туку ќе го гледаме само на стриминг сервисот.
Филмот е снимен за помалку од две недели, помеѓу 17. јуни и 2. јули, во куќата на Caterpillar, едно од најубавите архитектонски решенија во Калифорнија. Како што објави продукцијата биле почитувани сите мерки за заштита поради вирусот корона.
Меѓу другото, актерите требашежжло само да ги прилагодат микрофоните за себе, како и да се облекуваат сами, бидејќи само 12. луѓе можеле да бидат на сетот истовремено.
Целата екипа на филмот останала на посебен имот за време на снимањето, со цел да се избегне можноста од инфекција.
Сценариото го напишал креаторот на серијата „Еуфорија“, Сем Левинсон, за само шест дена. Откако беше прекинато снимањето на серијата, Зендаја му пишала и го замолила да и помогне.
Иако не се познати детали, изворите тврдат дека приказната е слична на онаа во филмот „Приказна за бракот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Живеел во сиромаштија а денес на сопругата и исплаќа 15. милиони фунти – оштета

Иако се обиделе да ги демантираат медиумските извештаи за нивниот развод, љубовната врска помеѓу турската …