(Рецепт) Го чисти тенот и го затегнува лицето: Ненадмината КИНЕСКА МАСКА!

Убавината на лицата на кинеските жени е ненадмината во светот, но тајната на нивниот тен е во постојаната грижа и состојките кои и даваат сјај на кожата.
Затегнато лице, без дамки и длабоко изразени пори е идеалот кон кој се стремат сите жени, и се чини дека тој е прототип на природниот изглед на кинеските жени.
Кинеските жени се познати по својот совршен, светол тен. Чистотата на лицето и белината на кожата, како и одличниот тен се најмногу ценети. Кинеските жени многу внимаваат на својот сјаен тен и лице, па затоа маските за лице се задолжителен третман што го практикува секоја жена.
Ви донесуваме рецепт за кинеска маска за убавина, која го изедначува тенот на кожата и видливо го намалува појавувањето на пигментни точки. Оваа маска исто така ја затегнува кожата на лицето, правејќи ја здрава, мазна и сјајна.
Состојки:
1 лажичка мед
1 лажичка нишесте
1 лажичка сол


Подготовка:измешајте ги медот и нишестето, а потоа додадете лажичка фина морска сол и повторно измешајте добро.
Неопходно е да се нанесе на исчистеното лице, во неколку слоеви, сè додека не се искористи целата смеса. Маската треба да се чува на лицето 20-25 минути, а потоа исплакнете со топла вода.
Ако почувствувате силно печење, најдобро е веднаш да ја исплакнете маската со вода. За најдобри резултати, маската се користи 20. дена, секој втор ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …