„ЛУНЕСОЛ“ –Игра за промени – првата едуактивна наративна авантура

Центарот за социјални иновации – Блинк 42-21продуцираше дигиталнаедуктивна игра “Lunesol“, како алатка за едукација и обука на ученици,наставници и младински работници за препознавање и превенција на радикализаиција која води кон насилен екстремизам. Играта користи метод на “гејмификација“ – учење преку примена на елементи на игра и забавасо специфична цел да се вклучат играчите во истражување и решавање на некој проблеми.

„Lunesol“е достапна на македонски и албански јазик на веб платформата www.lunesol.eu, a мобилната апликација може да се преземе преку Google Play и App Store.

„Истражувањатапокажуваат дека дигиталните игри можат да бидат многу ефикасни како дидактички средства во наставата и директно да влијаат врз вклученоста и мотивираноста на учениците и индиректно кон стекнување на повеќе знаења и вештини.Гамификација ги охрабрува учениците на акција и на глобално ниво е еден од најпопуларните и најпосакуваните трендови за учење меѓу учениците. Справувањето со радикализацијата која води кон насилен екстремизам е сложен проблем бидејќи постојат различни фактори (на пр. социјални и културни) и корелациите меѓу овие фактори не се лесно разбирливи. Оттука, игрите како „Lunesol“ придонесуваат за младите луѓе да се стекнат со општествени, културни и морални спосбностиза да го подобрат своето критичко размислување, а истовремено да им обезбедат на едукаторите вистинска алатка која ќе помогне во справување со сензитивни прашања, како ова“ – велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Развојот на оваа дигитална наративна авантура беше исклучително детален процес во кој беа вклучени наставници, педагози, психолози и експерти од областа на превенција на радикализација и насилен екстремизам, како и претставници од релевантните држани инстиуции.

Lunesol“е наративна авантура обезбедува можност за “играње во улоги”, во која еден играч ќе може да ја игра играта од различна перспектива преку различни карактери, па оттаму да добие претстава за различни аспекти, мотиви, и закани кои произлегуваат од радикализацијата која води кон насилен екстрамизам. Главната алатка за интеракција на играчот со играта се изборите кои ги прави за време на играњето со што го менува и текот на самата игра. Играчот може да ги воочи ефектите од изборите што ги прави и да извлече поука од сопствените одлуки, без разлика дали се позитивни или негативни, во еден безбеден виртуелен простор“ – велат од Блинк 42-21.

Со подигање на свеста за тоа како и кога е возможно да се појават процеси на екстремизам во образовните средини, корисниците на играта ќе можат да идентификуваат дали тоа се случува во нивните училишта или во нивното општествено опкружување. Тие ќе знаат што да бараат но и  да ја препознаат сопствената одговорност.

Проектот „Игра за промени – дигитална игра- едукативна алатка за зајакнување на отпорноста на заедницата“ се реализираше во блиска соработка со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Министерството за Внатрешни Работи, Министерството за образноание и наука иБирото за развој на образование. Проектот е финансиски поддржан од STRIVE Global Program на Европската Унија, имплементиран од фондацијатаХедаја.

Повеќе за Лунесол на социјалните мрежи: Facebookи Instagram, како и наweb страницата http://lunesol.eu/

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Иницијатива за подобрување на услугите за македонските граѓани во дипломатско-конзуларните претставништва на С. Македонија во Германија

Граѓани на Македонија со престој во Германија, претставувани преку иницијативниот одбор формиран во групата Македонци во Германија (Makedonier) …