ЗДРАВИ ЖИВОТНИ НАВИКИ – Ова сигурно НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ! Што може ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ да му направи на вашиот холестерол?

Пиењето зелен чај покажа бројни ефекти кога станува збор за слабеење, но научниците неодамна открија како овој пијалок влијае на холестеролот.
Пиењето зелен чај го намалува лошиот холестерол, додека нивото на добар холестерол останува непроменето. Почесто пиење на овој лековит пијалок може да има значителни ефекти врз здравјето на целиот организам, покажаа резултатите од најновата студија на кинеските научници.
Според нивното истражување, зелениот чај ги намалил нивоата на вкупен холестерол за 7,2 милиграми на децилитар во споредба со луѓето кои не конзумирале зелен чај или екстракти од него во набљудуваниот период од три месеци.


„Анализата покажа дека конзумирањето на зелен чај или неговите екстракти резултираше со значително намалување на концентрацијата на липопротеин со ниска густина (ЛДЛ) во вкупниот холестерол, додека концентрацијата на липопротеин со висока густина (ХДЛ) не беше засегната“, објавија кинески научници од универзитетот Union Medical Colleg во Пекинг во стручното списание American Journal of Clinical Nutrition.
Концентрацијата на лош холестерол, односно ЛДЛ, се намалила за 2% благодарение на зелениот чај.
Сепак, научниците од Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, тврдат дека намалувањето на лошиот холестерол е прилично мало, па затоа тие предупредува дека не треба да се препорачува зелен чај наместо докажани лекови за намалување на холестерол кај луѓе со висок холестерол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) На Бред Пит му бил потребен развод за да ја разбере љубовта:„Откако ја изгубив жената што ја сакав, сфатив…“

„Очигледно не сум експерт за врски. Инаку би направил сè на многу поинаков начин … …