Јарец
Љубов:
Прифатете ја идејата или решението на вашиот партнер. Нема потреба да се надмудрувате емотивно во „мртва трка“ во која нема победник.
Работа:
Вложувате многу труд, но некој нема почит кон вашите резултати и заслуги. Сепак, вие сте личност која нема да дозволи да ја оспорат вашата улога.
Здравје:
Важно е да чувствувате позитивна инспирација, да се опуштите.
Водолија
Љубов:
Забележувате дека вашата сакана личност нема емоционална храброст или искреност да ги искаже своите намери. Размислете за вашите недостатоци.
Работа:
Некој се обидува да ви го наметне своето решение или одредени услови. Нема причина да се вклучите во јавна дебата.
Здравје:
Ќе уживате во некоја спортска активност или релаксација.
Риби
Љубов:
Некој ненадејно ве доведува до ново и големо искушение. Препуштете се на своите чувства.
Работа:
Сè се сведува на принципот на земање и давање, така што она што ќе го добиете има висока цена или бара посветеност.
Здравје:
Пиењето течности или контактот со вода позитивно влијае на вашата ментална рамнотежа.