Денеска е спомен на Светиот свештеномаченик Антим: Старецот од Никомидија кој ги покрсти своите тирани!

Православните христијани денеска го слават Светиот свештеномаченик Антим. Старецот од Никомидија кој ги покрасти војниците кои дошле да го изнесат пред императорот поради неговото ширење на Христијанството.

Роден е во Никомидија и од детството воспитан како вистински христијанин. Телото му беше умртвено, духот смирен, зависта искоренета, гневот скротен, мрзливоста протерана, имаше љубов кон сите, мир со сите; благоразумност во сè, ревност кон славата Божја, јавна за сите. Не е чудо што човек со такви добродетели беше поставен за епископ. Свети Антим епископствуваше во Никомидија во времето на лутото гонење на христијаните под свирепите цареви Диоклецијан и Максимијан. Особено во Никомидија христијанската крв се лееше во потоци. Една година на денот на Христовото Рождество во еден храм беа изгорени дваесет илјади маченици (види под 10. јануари). Тоа се случи во времето на архиерејството на Антим. Но, гонењето не заврши со тоа, туку продолжи, па мнозина христијани беа фрлени во затвор и така чувани за маки и убивање. Свети Антим се оддалечи во едно село, Оман, не за да ѝ побегне на смртта, туку за да може оттаму да го храбри своето стадо во подвигот на мачеништвото, за никој да не отпадне заради страв. Едно од неговите писма до христијаните во затворот го фатија и му го предадоа на царот Максимијан. Царот испрати дваесет војници да го фатат и да го доведат Антим. Белокосиот проѕорлив старец им излезе во пресрет на војниците, ги воведе во својот дом и ги нагости, па дури потоа им кажа дека тој самиот е Антим когошто тие го бараат. Восхитени од неговата добрина војниците му предлагаа да се скрие, а тие да му речат на царот дека не можеле да го најдат. Но, Антим им одговори дека тој не смее да дозволи со лага да се престапува заповедта Божја и да се спасува неговиот живот, туку појде со нив. Патем, војниците поверуваа во Христа и примија крштение од овој епископ. Изведен пред царот Свети Антим баше долго и луто измачуван, а најпосле го исекоа со секира. Го прослави Господа и се упокои во Него во почетокот од 4. век.

Преподобен Теоктист
Сопостник и соподвижник на Свети Ефтимиј Велики. Теоктист беше игумен на Ефтимиевата Лавра која се наоѓаше на далечина од шест милји од Јерусалим кон Ерихон. Во сè му беше ученик на Свети Ефтимиј и под неговото духовно раководство управуваше со манастирот до својата деведесетта година. Со својот живот Му угоди на Бога и се упокои на средината од 5. век, во времето на ерусалимскиот патријарх Атанасиј.

Светата маченичка Василиса
Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија не многу по смртта на Свети Антим. Мачителите ѝ го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и Му го предаде духот свој на Господа околу 309. година.

Свети Јоаникиј, архиепископ и прв патријарх Српски
Роден е во Призрен и најнапред служеше како секретар при кралот Душан. Архиепископ стана во 1339 година, а во 1346 година беше возвисен во чинот Патријарх. Ревносен архипастир и устроител на Српската Црква. Се упокои на 3 септември, 1349 година. Моштите му почиваат во Пеќ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Иницијатива за подобрување на услугите за македонските граѓани во дипломатско-конзуларните претставништва на С. Македонија во Германија

Граѓани на Македонија со престој во Германија, претставувани преку иницијативниот одбор формиран во групата Македонци во Германија (Makedonier) …