Двејн Џонсон се опоравил од короната – Снима нов филм!

Холивудскиот актер Двејн Џонсон се опорави од коронавирусот и веднаш се посвети на филмските обврски. Имено, според странските медиуми, актерот веќе работи на својот нов филм „Red Notice“, инаку нов проект на Нетфликс.
„Снимањето започна на 14 септември“, рекол Хирам Гарсија, извршен директор на филмот.
Тој објаснил дека завршиле половина од филмот кога се случила пандемијата, по што снимањето било прекинато. Филмот треба да биде готов до ноември, пишува Daily Mail.
„Целиот пристап е различен и единствен, од секојдневно тестирање до мерење на температурата. Имаме различни ограничувања на сетовите“, објаснил извршниот директор.
Тој додал дека никој не паничел кога дознале дека Двејн е болен.
„Главната грижа на сите беше тој и неговото семејство да се добро, и кога знаевме дека се чувствуваат добро, знаевме дека остатокот ќе биде решен“, рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …