(ВИДЕО) Погледнете го бесплатно потресниот документарец на Парис Хилтон

Парис Хилтон по прв пат реши да ја отвори душата и да зборува за злоупотребата што ја доживеала како тинејџерка. Во интимниот и потресен документарец што го снимила, Парис открила дека била малтретирана и злоставувана.

„Толку долго ја закопував вистината. Тоа се случи кон крајот на деведесеттите години, но јас сум горда на тоа каква жена станав. Родителите беа строги, а јас бев бунтовник, ме казнуваа земајќи ми картички, телефон, но не им успеваше, јас продолжував да излегувам“, вели таа во документарецот, а потоа додава дека завршила во интернат.
„Требаше да биде училиште, но не беше така. Уште кога ќе се разбудив, тие врескаа во моето лице, тортурата беше постојана. Ме злоставуваа, мислам дека целта им беше да не скршат. Нè тепаа и давеа, сакаа да создадат страв за сите да ги слушаат. Го мразев својот живот“.
„Разговарав со моето семејство еднаш на секои три месеци. Сакав да им пишам на моите родители за тоа што прават, но тие ми рекоа дека никој нема да ми верува. Сакам ваквите институции да бидат засекогаш затворени, има многу малтретирања“, додава таа.
Документарниот филм „Ова е Париз“ сега е достапен на YouTube и можете да го погледнете на почетокот на овој текст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елена Pиcтecка во „Бекстејџ“: „Најважно е дека дете не се прави со било кој!“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна почна сопствен …