(ВИДЕО) На ТикТок се шири генијален трик кој гарантира експресно чистење на душеците и теписите

Теписите и душеците се некои од најчесто користените предмети. Затоа, не е изненадување што е можно, дури и ако изгледаат чисти, со текот на времето да почнат да имаат непријатен мирис. За жал, нивното чистење не е лесно. Не е можно да ги ставите во машината за перење и со тоа да се ослободите од нечистотијата.
Но, една жена објавила видео на TikTok во кое објаснила како да направите едноставна паста со работи што веројатно веќе ги имате дома. Тоа е сода бикарбона и есенцијално масло. Според неа, сè што треба да направите е да ставите една чаша сода бикарбона и десет до петнаесет капки од вашето омилено есенцијално масло во сад со капак.

@gia_gabrielle##DIY ##clean ##hack ##cleaninghacks ##home ##fyi ##fy ##fyp ##allnatural

loading...

♬ original sound – gia_gabrielle


Затворете го садот и добро тресете 30 секунди. Посипете ја смесата на душек или тепих, добро втријте и оставете ја да делува еден или два часа. Потоа соберете ги остатоците со правосмукалка.
Покрај чистењето, оваа мешавина помага и во елиминирање на алергените и честичките прашина. Повторувајте ја постапката на секои шест месеци за да спречите повторно појавување на непријатни мириси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, …