(ФОТО) Кралското семејство му го честитало роденденот на Хари: Никаде ја нема Меган!

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денес на Инстаграм му го честитаа роденденот на братот на Вилијам, Хари, со фотографија на која тројцата се добро расположени, а целта на ваквата објава е веројатно да се побие верувањето на јавноста дека двајцата браќа веќе не се во добри односи.
Сепак, сопругата на Хари, Меган ја нема на фотографијата. На видеото, направено пред три години на атлетска патека во Лондон, може да се видат Кејт  но и како Вилијам и Хари победуваат на трката, а сите тројца имаат насмевки на лицата.

Според лондонскиот „Дејли меил“, ваквиот израз на семејно единство доаѓа по обвинувањата дека некогаш неразделните браќа по таканаречениот „Мегзит“ не разговарале два месеци – односно од одлуката на Хари и неговата сопруга Меган да се повлечат од функцијата членови на кралското семејство – но некои веднаш забележааледека Меган ја нема на објавената фотографија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Успешна битка за живот: Со внесување на една овошка го победила ракот на тироидата!

Скоро секојдневно во јавност се појавуваат убави приказни за луѓе кои ги одбиле советите на …